Наместо во сала, тренираа на аеродром (ВИДЕО)

Ракометарките на Брест Бретањ синоќа патуваа кон Русија каде денес го играат натпреварот од Лигата на шампионите против ЦСКА Москва.

На францускиот клуб му фалеше документ кој потврдува дека дошле во Москва поради професионални обврски и спортски натпревар. Задржувањето на аеродромот траеше неколку часови.

Поради административните проблеми на аеродромот во Москва, ракометарките на францускиот тим својот прв тренинг го имаа во еден од терминалите на Шереметјево.

Натпреварот меѓу ЦСКА Москва и Брест Бретањ се игра денеска од 16:00 часот.