Навивач имаше епилептичен напад, шведските ѕвезди го прекинаа победничкото интервју

Еден од домаќините на Светското првенство, селекцијата на Шведска, ја забележа втората победа на Мундијалот, но победничката атмосфера ја прекина немил настан.

Среде изјавите и интервјуата на шведските ѕвезди, еден млад навивач имаше епилептичен напад и требаше веднаш да биде транспортиран со амбулантно возило.

Јим Готфридсон веднаш ги прекина изјавите во микс зоната и се заинтересира за здравјето на младиот поддржувач на Шведска.

„Има поважни работи од натпреварите и победите. Ние ќе направиме нешто за него. Ќе му подариме потпишан дрес од сите репрезентативци и билети за сите следни натпревари. Се надевам дека ќе може да дојде. Проработе родителскиот инстикт и татковското срце“ изјави Готфридсон за „Автонбладет“.

По двете победи над Бразил и Зеленортските Острови, за Шведска останува да се одигра уште средбата со Уругвај.