Навивачите ја окупираа(т) Виена, седмиот играч ќе биде во полн сјај (ФОТО/ВИДЕО)

Машката македонска репрезентација вечерва го игра првиот натпревар на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска, а првиот ривал ќе биде селекцијата на Украина.

Навивачите од околните земји веќе допатуваа во Виена и започнаа да ги окупираат градските кафулиња, а пристигнаа и навивачите од Македонија.

[soliloquy id=”120387″]

Нема сомнеж дека нашите навивачите ќе доминираат во „Штадхале Арена“, со оглед на тоа што барем досега не се најавени многу симпатизери на Украина.

Натпреварот меѓу Македонија и Украина се игра вечерва со почеток во 20:30 часот.