Навивачите му порачаа на Калараш: Да си најдеш адвокат и да го тужиш фризерот! (ФОТО)

Рускиот репрезентативец Глеб Калараш го промовираше новиот имиџ и сината боја на косата на пријателскиот натпревар против Еурофарм Пелистер пред две седмици, а овој период со новиот имиџ изненади и бразилскиот фудбалер Нејмар.

Членот на ПСЖ сега има розова боја на косата, па медиа тимот на ЕХФ реши да се пошегува со нив и објави заедничка фотографија со дилема – кој има подобра фризура?

Навивачите беа повеќе за Калараш, Кристијан Дисингер напиша дека ниту една не му се допаѓа, а имаше и една интересна порака – дека двајцата треба да си најдат адвокати и да ги тужат стилистите што им ги направиле ваквите фризури!

 

Посмотреть эту публикацию в Instagram

 

Who has the best haircut? @g_kalarash_21 or @neymarjr? 🤔 #veluxehfcl

Публикация от EHF Champions League (@ehfcl)