Навивачите може да бидат мирни: Куни Моралес останува во Вардар!

Кубанскиот десен бек Куни Моралес, кој лани дојде во македонскиот шампион Вардар, ќе го одработи и новиот едногодишен договор со „црвено-црниот“ тим.

Иако во некои медиуми се појавија информации дека Куни Моралес би можел да замине во некоја екипа што игра во Лигата на шампионите, Кубанецот за 24Ракомет потврди дека останува во Скопје.

Тој засега е најдобар стрелец во СЕХА лигата на досегашните одиграни натпревари, додека во минатата сезона од Лигата на шампионите успеа да постигне 36 погодоци.

Покрај Моралес, десната бековска позиција ќе ја покрива и Давид Савревски, а нема да биде изненадување ако пред стартот на сезоната во Вардар дојде уште еден десен бек.

Вардарци следната недела ќе ги започнат подготовките за новата сезона, ќе настапат на Струшкиот турнир, а потоа ќе играат и во четвртфиналето од СЕХА лигата против хрватскиот Нексе Нашице.