Навивачите избраа – ланскиот Ф4 турнир кога Вардар ја освои титулата е најдобар во историјата! (ФОТО)

Европската ракометна федерација правеше избор на најдобар завршен турнир во Лигата на шампионите – а за најдобар беше прогласен ланскиот во Келн.

Во изборот учестуваа сите 16 досега одржани Ф4 турнири, од кои десет беа во машка и шест во женска конкуренција.

Ланскиот турнир на кој Вардар ја освои втората титула во историјата, заслужено беше избран за најдобар, а во финалето го „победи“ Ф4 турнирот во женска конкуренција во 2018 година, кога Ѓер го победи ЖРК Вардар по продолженија (со 81% -19%)

Во полуфиналето „црвено-црниот“ тим направи епски пресврт против Барселона, а во финалето пред налетите на Вардар падна и унгарскиот Веспрем.