Му се посреќи на Бранко Канкараш: Прво трансфер во Металург, па свадба (ФОТО)

Црногорскиот репрезентативен пикер Бранко Канкараш имаше двојна причина за славење за кратко време.

Откако реши да си замине од Мешков Брест, тој потпиша договор на една сезона со тимот на Металург и го реши тоа прашање уште неколку месеци пред да почне сезоната.

Пикерот во меѓувреме го реши и најважното животно прашање.

Откако одамна ја побара раката на долгогодишната девојка Милица, сега официјално двајцата решија да стапат во брак, кој беше оформен во Црна Гора.

Тоа значи дека Канкараш во Скопје нема да дојде сам, туку со понежната половина.

View this post on Instagram

ZENA ❤️❤️❤️🍾🍾🍾

A post shared by Branko Kankaras (@brankokankaras) on