Му ги „украдоа“ двете најдобри ракометарки на најголемиот ривал

Европскиот шампион Ѓер денеска ги официјализираше трансферите на двете унгарски репрезентативки Ноеми Хафра и Надин Шатцл.

Двете доаѓаат од големиот ривал Ференцварош, и иако имаа понуди за продолжување на договорите со сегашниот тим, сепак се одлучија да ја прифатат понудата на шампионот.

Хафра е лев бек и ќе биде замена за Едуарда Аморим Талеска, која ќе ја заврши кариерата. Таа беше дел од МТК Будимпешта, а Ѓер ќе биде нејзиниот трет клуб.

Шатцл настапува на левата крилна позиција и за неа ова ќе биде враќање во тимот на Ѓер каде што ја почна кариерата, а во меѓувреме играше за Веспрем и ЕРД.