Мундијалот ќе се гледа на МТВ – планирани се 39 преноси

Секој јануари последните десетина години е исполнет со настапите на машката репрезентација на Македонија на големите натпреварувања.

Остануваат уште петнаесетина дена до настапот на Македонија на Мундијалот во Полска и Шведска, а натпреварите на нашите ракометари и уште ммногу други, македонската јавност ќе може да ги следи на националниот сервис.

МТВ планира по два преноси дневно за време на прелиминарната рунда од 18:00 и 20:30 часот, додека во главната фаза ќе бидат пренесувани по три меча од 15:30, 18:00 и 20:30 часот.

Македонија ќе игра во група со Норвешка, Холандија и Аргентина во „Таурон Арена“ во Краков, а доколку обезбеди место во главната рунда ќе вкрсти со најдобрите три селекции од групата со Германија, Србија, Алжир и Катар.