Мукаетов: Македонија е подготвена за ракометен спектакл!

Европското првенство во 2022 година во женска конкуренција ќе се игра во Македонија, Словенија и Црна Гора.

Денеска пред ждрепката за квалификации, свое обраќање имаа претседателите на федерациите од трите организатори.

Претседателот на македонската куќа на ракометот, Живко Мукаетов, ги покани сите фанови да дојдат во Скопје и да имаат незаборавно искуство.

„Како и во Црна Гора, така и во Македонија, женскиот ракомет има долга традиција, почнувајќи од 1930 година. ЕП во 2022 година ќе евоцира спомени од минатите успеси, но ќе го искористиме за да направиме нови незаборавни моменти. Скопје и Македонија се подготвени за ракометен спектакл. Едвај чекаме да ги пречекама фановите за првата и главната рунда, да уживаат во незаборавно искуство во земјата каде што ракометот е спорт број 1“, вели Мукаетов.

ЕП во 2022 ќе се игра од 4 до 20 ноември, а нашата женска репрезентација има директно место како домаќин.