Музика, сладолед, пуканки и Лига на шампиони

Претстојниот викенд ќе има празник на ракометот во шведскиот град Савехоф. Машкиот и женскиот клуб во ист ден ќе бидат домаќини на своите натпревари од Лигата на шампионите, а ист ќе биде случајот и во среда на 6 ноември, кога се играат натпревари од шведскиот шампионат, како и на 10 ноември, кога пак ќе има ЛШ.

В сабота од 13:30 часот женската екипа ќе игра против чешкиот Мост, а потоа од 16:00 часот, мажите ќе бидат домаќини на шпанската Бидасоа.

„Колку што знам јас, ова е првпат во историјата, да се одиграат два натпревари еден по друг во ист ден на исто место во Лигата на шампионите. Ќе има музика во живо, сладолед и пуканки. Сигурни сме дека атмосферата ќе биде специјална“, најавија од Савехоф.