Мркиќ игра во топ форма, со 11 гола му донесе победа на Мало над Мањано

Тимот на Гереире Мало, каде што игра македонската интернационалка Савица Мркиќ, забележа победа во заостанатиот натпревар над Касано Мањано.

Во дуелот од италијанскиот шампионат Мало на домашен терен славеше победа со 30-27, а на полувремето беше 15-12.

Мркиќ продолжува да игра во одлична форма и да ги полни мрежите во Италија. На овој натпревар беше прв стрелец на теренот и постигна 11 голови.

Следен предизвик за Гереире Мало ќе биде уште еден натпревар на домашен терен против Местрино.