Мојсов: Играчите одговорија на сите задачи, среќен сум што одиме во нагорна линија

Тимот на Еурофарм Пелистер славеше со убедливи 28-16 над словачкиот првак Татран Прешов во регионалната СЕХА лига.

Асистент тренерот на битолчани, Божидар Мојсов, вели дека играчите одговориле на сите поставени задачи.

„Знаевме дека гостите ќе играат само со 11 играчи во својот ростер, но тоа не значи дека нашите ракометари не одиграа добро. Играчите одговорија на сите поставени задачи и среќен сум што одиме во нагорна линија, имаме многу енергија и се надевам дека така ќе продолжиме“, изјави Мојсов.

Следен предизвик за битолчани ќе биде дуелот со Кадетен Шафхаузен во Лигата на Европа на 2 март.