Мочалов: Го “фативме” Еурофарм на свежина

Тимот на Еурофарм Работник загуби изненадувачки на домашен терен од составот на Мешков Брест со 32-35. Тренерот на гостите, Андреј Мочалов вели дека знаеле оти Еурофарм ќе биде уморен по мечот со Татран, па затоа играле брз центар.

“Знаевме дека оваој меч е многу важен за двете екипи. Знаевме и дека Еурофарм по тешкиот натпревар со Татран може да нема свежина. Затоа игравме брз центар, држевме жесток ритам на игра и реализиравме лесни голови па стигнавме до победа. Му посакувам среќа на Еурофарм во продолжение од сезоната”, изјави Мочалов.

Следен предизвик за тимот на Мешков Брест ќе биде натпреварот со Веспрем од Лигата на шампионите.