Мотор со голема предност – двата меча со Татран во СЕХА ќе ги игра дома

Првиот четвртфинален натпревар од СЕХА лигата помеѓу екипите на Татран Прешов и Мотор Запорожје е одложен поради тешката епидемиолошка ситуација во Словачка и неможноста за организирање на самиот натпревар.

Двете екипи се договорија двата натпревари да се одиграат за неколку денови во Запорожје, Украина.

Во координација со СЕХА беа одредени датумите 28 и 29 август. Ракометарите на Мотор Запорожје ќе имаат шанса да стигнат до победа на двата натпревари со помош на нивните фанови.

Татран Прешов на 28 август ќе биде формално домаќин, а терминот за овој натпревар треба дополнително да се одреди. На 29 август, Мотор Запорожје ќе ја има домаќинската улога. Терминот за вториот натпревар е 17:30 часот.