Мотор победнички и во Нашице, лидер во Групата Б во СЕХА

Шампионот на Украина, Мотор од гостувањето во Нашице кај Нексе си замина со три бода во СЕХА лигата откако се избори за победа од 35:28.

Домашниот тим одлично го отвори натпреварот со водство од 3:0, а гостите до 20. минута имаа проблем како да го пронајдат патот до голот на Нексе. Разиграните вицешампиони на Хрватска не издржаа до посакуваната цел и дозволија целосно враќање на Мотор во играта и резултатска неизвесност. Првиот дел заврши со резултат 17:15 за Нексе, но тоа не беше комотна предност за мирно продолжение.

Во вториот дел работите се сменија во позитивна насока за гостинската екипа од Украина. Со серија од неколку голови и брзи акции го израмнија резултатот на 19:19 во 34. минута и од тој момент доминираа на теренот.

Екипата на Мотор беше предводена од Аиденас Маласинскас и Дмитро Горига со седум голови. На спротивната страна се истакна Халил Јагањац со девет голови. Голманите на Нексе заедно имаа шест интервенци. Кај Мотор вкупно беа забележани 9 интервенции.

СЕХА ЛИГА – ГРУПА Б

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВОЈВОДИНА00000
2НЕКСЕ00000