Мотор не се шегува – Порто падна во Украина

Мотор Запорожје во првиот натпревар во Лигата на шампионите беше подобар од Порто на свој терен со три гола разлика, 30:27. Украинскиот првак најавува дека ќе има што да каже и во новата сезона од елитното натпреварување. Мотор доминираше на теренот и успешно дојде до освојување на зацртаните бодови.

На моменти, репрезентативецот на Македонија, Никола Митревски имаше успешни интервенции, но немаше поддршка од своите колеги. Дополнителен проблем за гостите беа расположените противнички ракометари, Вјачеслав Бокан и Барис Пуховски кои не промашуваа во своите реализации. Мотор на полувреме замина со предност од 15:10.

Украинскиот шампион во второто полувреме предноста повторно ја зголеми на шест гола разлика, 18:12, во 35 минута. Порто се обиде да се врати во игра на десет минути пред крајот кога намали на само еден негатива, 23:22, по серијата технички грешки на спротивната страна.

Во 57 минута, Фабио Рамос постигна гол за израмнување на резултатот, 27:27, и продолжување на неизвесноста до самиот крај. Но во последните три минути, Мотор постигна три гола, додека екипата на Порто немаше сили за нов камбек во натпреварот.

Најефикасен ракометар во редовите на Мотор беше Бокан со осум гола, од исто толку обиди. Во дресот на Порто се истакна Виктор Мануел со пет гола, а на голот, Никола Митревски забележа осум одбранети удари.