Мотор и ПСЖ одложениот натпревар во ЛШ ќе го играат на неутрален терен

Oдложениот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите помеѓу Мотор и ПСЖ според информациите на „sport.tvp.pl“ најверојатно ќе се игра на неутрален терен.

Средбата помеѓу овие два тима требаше да се игра на 17 февруари во Запорожје, меѓутоа се одложи поради тензичната политичка ситуација.

Најавите во овој момент се дека Мотор и ПСЖ ќе играат во Тарнов, Полска во реновираната „Арена Јаскола“ која може да прими 4.500 гледачи.

Пред ова натпреварите од Лигата на шампионите во Полска се одржуваа само во Киелце и Плоцк.