Мотор ги задржува најдобрите – Денисов и Малашинскас потпишаа нови договори

Украинскиот шампион Мотор Запорожје во првите денови од 2021 година објави дека ги продолжи договорите со тројца ракометари.

Станува збор за украинските репрезентативци Захар Денисов и Дмитро Горига, како и литванскиот интернационалец Аиденас Малашинскас.

Не е објавено на колку години верност се обврзале тројцата ракометари, кои се меѓу главните стрелци на тимот оваа сезона.

Мотор Запорожје игра одлично во Лигата на шампионите, освои 12 бодови и се наоѓа веднаш за Барселона и Веспрем, а пред Кил и Алборг во групата Б.

Украинскиот тим имаше три порази на стартот, а потоа нареди дури шест победи – по две над Целје, Загреб и Нант.