Москва е само попатна станица – Драгана Цвијиќ потпиша за Ференцварош!

Некогашната ракометарка на Вардар, Драгана Цвијиќ од лето ќе ги брани боите на унгарскиот вицепрвак Ференцварош.

Таа лани потпиша за словенечкиот Крим, но во словенечкиот тим не беше задоволна, па вториот дел од тековната сезона ќе го мине во руската ЦСКА Москва.

Унгарскиот Ференцварош потврди дека Цвијиќ ќе биде замената, за германската репрезентативка Јулија Бенке, која се враќа во татковината.

Искусната Цвијиќ, освен за Крим и Вардар, настапуваше за Црвена Ѕвезда, како и за романскиот ЧСМ Букурешт и за Будуќност, со кој два пати ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Ова лето Цвијиќ стави крај на репрезентативната кариера и ќе може да се посвети на клупската кариера.