Монпелје си замина непоразен од Сегедин, но ПИК Сегед го освои третото место

Натпреварот помеѓу екипите на ПИК Сегед и Монпелје беше последен од групната фаза во групата А од Лигата на шампионите на кој унгарскиот тим пропушти за забележи победа и заврши нерешено 29:29.

Првото полувреме беше максимално израмнето, двете екипи имаа свои минути и водство но ниту една не усепа да се одлепи. Во завршните моменти од првиот дел Монпелје водеше 14:16, но ПИК Сегед преку Тонесен и Роста обезбеди 17:16 предност на полувремето.

Од 40. до 45. минута ПИК Сегед направи серија од четири гола но не беше доволно за конечен триумф. До крајот Монпелје со ангажирана игра успеа да стигне до израмнување и со голот на Вилемино да обезбеди реми во финишот.

Најефикасни во тимот на ПИК Сегед беа Марио Шоштариќ со шест гола и Себастијан Фримел кој постигна пет погодоци. Во екипата на Монпелје најефикасни со по пет гола беа Диего Симоне и Лукас Пелас.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1КИЛ14102222
2АЛБОРГ1483319
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1481517
4КЕЛЦЕ1464416
5ППД ЗАГРЕБ1462614
6ПИК СЕГЕД1461713
7КОЛСТАД1451811
8ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1400140