Монпелје ги задржува најдобрите – Лене, Симоне и Бонефуа верни на клубот до 2024 година

Поранешниот европски шампион, Монпелје реши да ги продолжи договорите со неколку главни играчи од екипата. Претходно, Валентин Порт остана верен на Монпелје потпишувајќи нов договор за уште три сезони.

Ракометарите Јанис Лене, Диего Симоне и Кевин Бонефуа ги продолжија договорите на уште три сезони, односно во Монпелје ќе настапуваат до 2024 година.

Раководството на Монпелје реши да ги задржи во својата екипа поради нивните одлични настапи во францускиот шампионат и во Лигата на Европа.

Познато е дека екипата на Монпелје на крајот од сезоната ќе ја напушти репрезентативецот на Литванија, Јонас Трихановичиус и Швеѓанецот Фредрик Петерсон. Се уште не е позната ситуацијата околу новата француска надеж, Мелвин Ричардсон, но најверојатно тој ќе продолжи во Барселона.