Моника Јанеска останува во Турција, но го смени клубот

Македонската репрезентативка Моника Јанеска во пресрет на пролетната полусезона го смени клубот, но ќе остане во турскиот шампионат.

Јанеска е како дома во Турција бидејќи досега настапуваше за многу екипи, а последно во Мудања Беледијеспор.

Новиот нејзин клуб Мардин Башакспор е на шестото место во турската лига и со ангажманот на нашата ракометарка посакува борба за место во европските купови.