„Моето семејство е во Украина сите се исплашени, војната е болка за сите!“

Голманката на романската репрезентација која е родена во Украина, Јулија Думанска ја коментираше ситуацијата во нејзината татковина откако Русија започна воена операција.

Како и многу други, така и Думанска посакува се да се заврши колку што може побрзо и со што помалку жртви.

„Украина поминува низ страшно време. Разговарав со моесто семејство, сите се исплашени. Посакувам и се надевам дека проблемите ќе завршат колку што може побрзо. Сакам сето ова да заврши брзо и со најмалку можни жртви“.

Семејството на Думанска е во Украина.

„Моите родители, моето семејство е во Украина. Сакам да порачам дека сум со нив. Сакаме мир! Војната е болка за сите. Војната не е решенија. Поддржете ја Украина и молете се за Украина“, гласи пораката на Думанска на нејзиниот Инстаграм профил.

Думанска до крајот на сезоната ќе игра во хрватската Подравка, а потоа се сели во Глорија Бистрица.