Млад тренер го презема кормилото на европскиот шампион

Актуелниот европски шампион во женска конкуренција Вајперс Кристијансад во следната сезона ќе биде предводен од словачкиот стратег Томаш Хлавати, пренесува рускиот портал „Брз Центар“.

Младиот стратег работеше во стручниот штаб во Ростов Дон неколку сезони, додека кон крајот на сезона 2021/22 беше назначен за прв тренер на рускиот клуб.

За тој период стана двократен шампион на Русија, трикратен победник во Купот и четирикратен победник во Суперкупот, освои и сребрен медал во Лигата на шампионите.

Хлавати во двократниот европски шампион повторно ќе има можност да работи со една од најдобрите ракометарки на светот, руската репрезентативка Ана Вјахирева.

Актуелниот тренер на Вајперс Кристијансад, Оле Густав Гјекстад на лето ќе го напушти клубот и ќе биде предводник на Оденсен од Данска.

Од данскиот клуб во Вајперс Кристијансад ќе се пресели репрезентативката на Холандија, Луис Абинг.