Младост се екипира – Роглев ќе му асистира на Стоилов, Динов оди во пензија

Тимот на Младост Богданци кој минатата сезона се врати во суперлигашкото друштво по долга пауза, по само една година повторно ќе игра во Првата лига.

Странците заминаа од Богданци, како и десното крило Никола Димитров и голманот Александар Мицев, а основата на тиимот ќе ја сочинуваат ракометарите од градот.

Митко Стоилов ја заврши кариерата и ќе биде тренер на Младост, а ќе му асистира Никола Роглев, кој пак ќе има двојна улога тренер-играч.

Левото крило Илија Динов ја заврши кариерата, а деновиве треба да биде продолжен договорот со Мите Караиванов. Голманот Паунков, бековите Лисичков и Михајловиќ, пикерот Фиданов…сите остануваат во Богданци и ќе ги бранат боите на Младост.

Десното крило Иван Стојчевски ќе го пропушти првиот дел од сезоната и ќе прави операција. Амбициите на богданчани се место во плеј-офот на Првата лига, а подготовките ќе ги стартуваат на 19 јули.