Младост го положи последниот тест пред стартот на Суперлигата

Екипата на Младост Богданци славеше на последниот пријателски натпревар пред стартот на Суперлигата.

Избраниците на Мите Стоилов славеа убедлива победа над прволигашот Вардар Неготино со убедливи 40-22.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Банцалиски со шест голови, по пет дадоа Стоилов и Лупаско, а четири постигна Павиќ.

Суперлигата ќе започне на 11 септември со натпреварите од првото коло, додека две седмици подоцна ќе стартува и прволигашката конкуренција.