Младост Богданци ќе се тестира со Вардар Неготино и Радовиш

Осум македонски екипи ќе играат меѓусебе на Струшкиот турнир, а останатите веќе договорија пријателски натпревари пред стартот на новата сезона.

Новиот суперлигаш Младост Богданци договори две контролни средби со тимот на Радовиш на 23 и на 29 август, а ќе играт уште една против прволигашот Вардар Неготино на 26 или 27 август.

Богданчани ангажираа пет засилувања пред стартот на новата сезона – крилата Димитров и Стојчевски, пикерот Василевски, како и бековите Лупашко и Лисичков, па тренерто Стоилов ќе има можност на пријателските средби да ги види нивните квалитети.

Младост се најде во групата Б од Суперлигата заедно со Тиквеш, Бутел Скопје, Металург, Еурофарм Пелистер 2, Работнички и Прилеп.