Младост Богданци мисли на иднината – потпиша четиригодишен договор со голем талент!

Тимот на Младост Богданци активно работи на склопувањето на играчкиот кадар за претстојната сезона во прволигашкото друштво.

16-годишниот Ѓорѓе Атанасов потпиша професионален договор со амбициозниот тим од Богданци со важност од четири сезони.

Со ова клубот ја обезбеди иднината на десната крилна позиција, а Атанасов веќе дебитираше и во сениорска конкуренција, иако беше пионер.

Младото десно крило врати со одлични партии на укажаната доверба и беше втор клупски стрелец во прволигашката конкуренција.

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!