Младиот пивот на Целје, ново име во Рајн Некар (ФОТО)

Ракометарот кој во последните три години го носеше дресот на екипата на Целје, Кристјан Хоржен во новата сезона ќе настапува во Бундес лигата.

Тој се договори со тимот на Рајн Некар и ќе биде играч на оваа екипа во следните две сезони. Станува збор за играч кој има 21 година и кој веќе има забележано десет настапи во сениорската селекција на Словенија.

Хоржен дојде во редовите на Целје пред три години од составот на Тримо Требње и зад себе веќе има и солидно искуство со настапи во Лигата на шампионите.

Во првата сезона (2018/19) постигна 14 гола. Потоа следната имаше 38, а во последната стигна до 42 гола со што си го обезбеди местото во најсилната лига во светот.

Пред две години потпиша договор на три сезони со тимот на Целје, но една година пред неговиот истек го напушта клубот и се сели во Бундес лигата, во редовите на поранешниот шампион.