Младинските лиги ќе се играат во јуни, пријавени се 97 екипи!

По долга пауза, во текот на месец јуни ќе се играат сите младински лиги во организација на Ракометната Федерација на Македонија.

Пријавени се голем број екипи во сите конкуренции, а веќе се познати и датумите и системите на играње.

“Во минатото долго време планиравме да ги одиграме сите лиги, но по консултации со селекторот, со одговорните луѓе во федерација, секако и со оглед на актуелната ситуација, решивме дека овој месец ќе го посветиме на младинските лиги. Собравме сили во месец јуни да ги организираме овие натпреварувања за кој имаме пријавено многу екипи. Се надеваме дека се ќе биде организирано на највисоко ниво и ќе немаме проблеми”, вели комесарот Славе Николов.

Лигите ќе почнат следниот викенд, а ќе финишоираат на 1 јули. Ќе се играат по групи, секој со секого, а најдобрите од групите ќе обезбедат место на завршните турнири.

Распоред на натпревари:

младинци, 22 екипи, 12-15 јуни натпревари по групи, 16-17 јуни Ф4
младинки, 12 екипи, 12-15 јуни натпревари по групи, 16-17 јуни Ф4

кадети, 20 екипи, 18-20 јуни натпревари по групи, 23-24 јуни Ф4
кадетки, 17 екипи, 18-20 јуни натпревари по групи, 23-24 јуни Ф4

пионери, 15 екипи, 26-28 јуни натпревари по групи, 30 јуни – 1 јули Ф4
пионерки, 11 екипи, 26-28 јуни натпревари по групи, 30 јуни – 1 јули Ф4