Младинките се активираат: 13 екипи ќе се борат за Ф4

Во текот на утрешниот ден започнуваат натпреварите од женската младинска лига, кои ќе ги организира Ракометната федерација на Македонија во турнирски систем.

Во женска конкуренција се пријавија 13 екипи, кои се поделени во четири групи и ќе одиграат секој со секого в сабота и недела.

Најдобрите од четирите групи ќе се пласираат на завршниот турнир што ќе се игра на 16 и 17 јуни.

Во полуфиналните двобои, најдобрите четири екипи ќе играат по принципот А-Г и Б-В.

група А: Металург, Шампион, Вардар

13 јуни, сала Христо Батанџиев, Скопје

11:00, Металург – Шампион
15:00, Шампион – Вардар
19:00, Металург – Вардар

група Б: Ѓорче Петров, Куманово, Спартак, Кузман Вардар

12 јуни, сала Христо Батанџиев, Скопје

10:00, Ѓорче  Петров – Куманово
12:00, Спартак – Кузман Вардар
18:00, Спартак – Ѓорче Петров
20:00, Куманово – Кузман Вардар

13 јуни, сала Круме Кепески, Скопје

12:00, Ѓорче Петров – Кузман Вардар
14:00, Спартак – Куманово

група В: Овче Поле СУ, Брегалница Делчево, Струма

12 јуни, сала Цар Самоил, Свети Николе

11:00, Овче Поле СУ – Брегалница Делчево
15:00, Брегалница Делчево – Струма
19:00, Овче Поле СУ – Струма

група Г: Пелистер, Лихнид, Деспина

12 јуни, сала Боро Чурлевски, Битола

11:00, Пелистер – Деспина
15:00, Деспина – Лихнид
19:00, Пелистер – Лихнид