Младинките без контрола до ЕХФ шампионатот, БиХ е првиот тест

Женската младинска репрезентација на Македонија во која играат ракометарки до 19 години ги одработува последните тренинзи пред почетокот на ЕХФ шампионатот кој во сабота стартува во салата „Јане Сандански“ во Скопје.

Љубомир Савевски, Јулијана Црвенкоска, Аце Станковски и Тања Андреева  на тренинзите имаат 17 ракометарки и веќе се крева формата и се подготвува играта која ќе биде потребна за на теренот на средбите кои почнуваат в сабота.

За повеќето репрезентативки ова ќе биде настан на кој ќе мора да одговорат со сите сили и да покажат игра на високо ниво, но поради целата ситуација немаше можност да се одиграат контролни средби. Затоа сето она што се работеше ќе треба да се покаже на средбата против БиХ в сабота од 20:30 часот.

Овој прв натпревар практично ќе биде и тест за ракометарките и можност да се види колку може оваа селекција. Сите очекувања се следните денови да бидат доста убави за женскиот репрезентативен ракомет, а секако и да се види колку од овие ракометарки можат да си најдат место и во сениорскиот состав за Европското првенство следната година во декември.

Инаку, првите две селекции од двете групи ќе се пласираат во полуфиналето, па на 17 јули (следната сабота) ќе следуваат битките за место во финалето на 18 јули.

РАСПОРЕД ЗА МАКЕДОНИЈА

САБОТА, 10 ЈУЛИ

20:30ч

МАКЕДОНИЈА – БИХ

ПОНЕДЕЛНИК, 12 ЈУЛИ

20:30ч

МАКЕДОНИЈА – ФАРСКИ ОСТРОВИ

СРЕДА, 14 ЈУЛИ

20:30ч

МАКЕДОНИЈА – ХОЛАНДИЈА

ЧЕТВРТОК, 15 ЈУЛИ

20:30ч

МАКЕДОНИЈА – КОСОВО