Младеновска блескаше – еве ги сите 19 гола на Ф4 турнирот во Купот (ВИДЕО)

Ракометарките на Металург по пауза од девет години повторно го вратија Куп трофејот во Автокоманда откако во финалето во Купот на Македонија го совладааа Ѓорче Петров со 30:27.

Ракометарките на Јулијана Дамчевска во финалето против Ѓорче Петров, како и во полуфиналето против бранителот на титулата, Куманово, беа предводени од 15- годишната, Ива Младеновска, која на Ф4 турнирот во Кавадарци постигна 19 голови.

Младеновска заслужено ги доби признанијата за најдобар стрелец и МВП на годинешната завршницата во Купот. Младата и перспективна ракометарка низ натпреварите во Купот и домашниот шампионат покажа дека ја очекува блескава иднина. Фактот што беше избрана за МВП на кадетскиот ЕХФ шампионат во Литванија, во кој Македонија го освои првото место, доволно говори дека станува збор за една од најталентираните ракометарки во Европа.

Најмладата македонска сениорска репрезентативка со десет гола во полуфиналната средба против Куманово и девет во финалето против Ѓорче Петров, дел од тие девет гола ги постигна во моментите кога најмногу требаше, потврди дека е новиот бисер на македонскиот ракомет, бисер кој треба да го потврди својот напредок и на Европското првенство во ноември.

Иако, Младеновска има само 15 години, на Ф4 турнирот од Купот постигна повеќе голови отколку што има години. Сите 19 погодоци на Младеновска на Ф4 турнирот од Купот на Македонија може да ги погледнете на видеото во продолжение.

Сите признанија за Металург – Младеновска МВП и најдобар стрелец, Илјаз е најдобар голман!

По девет години, Металург донесе Куп трофеј во Автокоманда!