Михајловски: Да не бев јас, Вардар ќе згаснеше!

Претседателот на Вардар, Михајло Михајловски, на пресот за промоцијата на новиот стратег Веселин Вујовиќ, направи анализа на сработеното оваа сезона.

Од четирите зацртани цели, Михајловски вели дека биле остварени оние во домашното првенство.

“Многу доцна го преземав клубот. Самсоненко направи фантатични резултати, но мораше да замине од Вардар, доколку јас не се нафатев, Вардар ќе згаснеше. Во договор со некои државни институции се договривме да го преземам клубот и што може да се направи максимално за оваа сезона. Во договор со Стевче Алушовски создадовме квалитетна екипа, имавме четири зацртани цели. Пласман во најдобри осум во Европа, финале во СЕХА, и двојна круна во Македонија. Остваривме две цели, но морам да ви кажам дека во ЛШ имавме одредени пехови. На неколку меча примавме голови во самиот финиш, некои шанси и сами ги прокоцкавме. Имаше периоди топло/ладно, патувања се откажуваа, корона време, сите тие проблеми, па она што го направивме во ЛШ беше делумен неуспех. Во СЕХА бараме место на Ф4 по подолгиот пат, па ќе се бориме со Металопластика, а потоа евентуално и со Загреб. Вардар и Загреб секогаш играле на Ф4, а ова значи дека една од двете екипи нема да игра за првпат на завршниот турнир. Во домашното првенство, во најзначјниот натпревар против Еурофарм Пелистер дома го победивме убедливо, и мислам дека туогаш ја обезбедивме титулата. Потоа кога требаше победувавме и докажавме дека за класа сме подобри од битолскиот тим, а за повеќе класи од другите тимови”, кажа Михајловски.

Прв официјален предизвик за Вардар во следната сезона би бил четвртфиналето на регионалната СЕХА лига против Загреб, но претходно ќе треба да се мине Металопластика.