Митревски: Тунижаните можеби беа малку подобри, но и посреќни

Пораз од репрезентацијата на Тунис (28:33) претрпеа македонските натпревари во вториот натпревар од групата во Президент купот во Плоцк.

Со овој резултат Македонија ги загуби шансите за првата позиција во групата и евентуално освојување на Президент купот.

Ракометарите на Тунис беа можеби малку подобри, со повеќе среќа. Ние промашивме и неколку добри шанси. Имавме грешки и во одбраната. Треба да учиме од овој натпревар за во иднина, изјави капитенот на Македонија, Никола Митревски.

До крајот на шампионатот Македонија ќе одигра уште еден натпревар во групата против Мароко во понеделник, како и натпревар за пласман во среда.