Митревски „сплете“ мрежа на голот на Порто, донесе победа во финишот

Порто и Никола Митревски одиграа интересен и неизвесен натпревар во второто коло од Лигата на шампионите на домашен терен против Фленсбург и во драматична завршница славеа победа од 28:27.

Порто имаше перфектно отварање на натпреварот и поведе со 3:0, но во продолжение Фленсбург брзо успеа да израмни и се играше гол за гол. Во 20. минута Порто имаше три позитива после погодоците на Салина и Алвеш.

Порто одржуваше предност, но гостите постојано беа на гол или два негатива. До полувреме Порто задржа еден позитива и беше 13:12. Во првиот дел одлични изданија имаа голманите на двете страни Френдсен и Буриќ.

Првите десетина минути од второто полувреме се играше израмнето, но од 40. минута започна серијата на Фленсбург за водство од 20:17. Никола Митревски влезе во игра во 44. минута и веднаш имаше неколку интервенции кои помогнаа Порто повторно да израмни.

Едно исклучување на ракометарите на Порто гостите го искористија и повторно направија солидна предност. Салина погоди во 58. минута за 26:27, а потоа Митревски уште еднаш одбрани и домаќините имаа напад за израмнување, а Круз реализираше за нерешено во последната минута. Митревски уште еднаш одбрани, а Ареа погоди од седмерец за победа на Порто.

Најефикасен во составот на Порто беше Салина со шест гола, а Круз постигна четири погодоци. Никола Митревски имаше шест одбрани за петнаесетина минути на теренот. Во тимот на Фленсбург најефикасен беше Ване со осум гола. Судии на овој дуел беа нашите најдобри судии, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА Б 

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1МАГДЕБУРГ14120224
2БАРСА14110322
3ВЕСПРЕМ14100420
4МОНПЕЛЈЕ1480616
5ВИСЛА ПЛОЦК1451811
6ГОГ1451811
7ПОРТО1440108
8ЦЕЛЈЕ1400140