Митревски со „сто раце“, му симна зицер на Зеин (ВИДЕО)

Порто загуби на сите четири натпревари што ги одигра во новата сезона од Лигата на шампионите, но светла точка е македонскиот репрезентативец Никола Митревски.

Тој на последниот натпревар против Динамо Букурешт забележа десет одбрани, а една од нив во првиот дел мора да ја погледнете.

Тој му симна зицер на египетскиот лев бек Али Зеин, но немаше поддршка од соиграчите во текот на мечот и Порто на крајот повторно беше поразен.

Погледнете ја прекрасната одбрана на Митревски.