Митревски со емотивна порака: Кинтана брате, време е да ја направиш најважната животна одбрана (ФОТО)

Продолжува животната драма на голманот на Порто и португалската репрезентација, Алфредо Кинтана.

Тој се уште се наоѓа во болница по срцевиот удар што го имаше на вчерашниот утрински тренинг на Порто, а состојбата му е сериозна.

Кинтана е во вештачка кома, а неговиот соиграч од клубот и наш репрезентативец Никола Митревски на социјалните мрежи упати емотивна порака.

„Кинтана брате, време е да ја направиш најважната одбрана во животот“, напиша Митревски.