Митревски се врати во ростер, Симоноски ќе дебитира на ЕП!

Машката репрезентација на Македонија вечерва ја очекува важен натпревар на Европското првенство против Црна Гора.

Откако стана јасно дека Стојанче Стоилов нема да игра на овој натпревар, а негова замена ќе биде пикерот на Алкалоид, Кристијан Симоноски.

На местото на Градимир Чаневски, во составот се враќа Никола Митревски, кој вчера допатува во Дебрецин.

Натпреварот меѓу Македонија и Црна Гора се игра вечерва во „Феникс Арена“ со почеток во 18:00 часот.

Состав на Македонија: Томовски, Митревски, Кузманоски, Маџовски, Георгиевски, Костески, Пешевски, Симоноски, Кузмановски, Талески, Крстевски, Мишевски, Миркуловски, Ѓоргиев, Серафимов, Велковски