Митревски: Секоја победа е важна за атмосферата во репрезентацијата

Репрезентацијата на Македонија денес ќе го одигра вториот натпревар од Президент Купот на Светското првенство 2023.

Денешен ривал на Македонија ќе биде незгодната селекција на Тунис, која во првото коло славеше над Мароко со пет гола разлика, 35:30, додека избраниците на Кире Лазаров беа убедливи против Алжир со 40:25.

Голманот Никола Митревски истакна дека победата над Алжир била од големо значење за подигање на атмосферата во репрезентацијата, како и за поголема самодоверба на играчите пред дуелот со Тунис.

,,По три порази во групната фаза, навистина ни беше потребна победата. Секоја победа е важна за самодовербата и атмосферата во репрезентацијата. Президент Купот е познат како утешен турнир, но секоја победа на Светското првенство не радува”, изјави Митревски.

Натпреварот меѓу Македонија и Тунис ќе се одигра денеска, со почеток од 18:00 часот. Избраниците на Лазаров во последното, трето коло, од Президент Купот ќе играат со Мароко.