На Митревски и Порто им нема рамни – 11. победа во Португалија

Тимот на Порто, каде брани македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски, стигна до 11 победи во 11 меча од португалскиот шампионат.

Порто славеше на гостински терен кај Санхоаненсе со 23-32, а на полувреме имаше плус три, 12-15.

Митревски бранеше едно полувреме и собра осум одбрани од 18 удари упатени кон неговиот гол, што е околу 38% на одбранети удари.

Порто сега има 22 бода, исто колку и Спортинг, а нивниот меѓусебен двобој е закажан за 18 декември.