Митревски: Кога добив понуда од Порто, не размислував многу пред да ја прифатам!

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски во следните две сезони ќе биде нов чувар на мрежата на Порто.

Португалскиот првак испрати понуда до битолчанецот уште на почетокот на годината, а денеска трансферот беше официјализиран.

„Минатата година имав можност да играм против Порто во ЕХФ Купот и знам како функционира клубот. Среќен сум за овој трансфер и не размислував многу кога ја добив понудата. Порто има добар состав и да не беше пандемијата со коронавирусот, сигурен сум дека имаше шанси да стигне до Ф4. Порто беше на високо ниво и е пример како еден клуб треба да функционира. Верувам дека добро ќе се адаптирам и заедно со Кинтана ќе имаме добра сезона, со многу победи и многу титули. Да продолжиме со освојување на титули во Португалија и да се обидеме да стигнеме до Ф4 Лигата на шампионите“, изјави Митревски за официјалниот сајт на Порто.

Митревски, аедно со Алфредо Кинтана, ќе ја сочинуваат голманската двојка на португалскиот шампион во новата сезона, откако си замина Австриецот Томас Бауер.