Митревски и Тодоровски со нова европска задача од ЕХФ

Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за второто коло од групната фаза во Лигата на Европа.

Македонската двојка Димитар Митревски и Благојче Тодоровски патува во главниот град на Унгарија, Будимпешта.

Тие ќе го судат двобојот меѓу тимовите на Ференцварош и Иштад од Шведска, кој ќе се игра на 1 ноември од 18:45 часот.

Двата тима беа поразени во првото. Ференцварош загуби на гости кај исландскиот Валур, а Иштад беше поразен дома од францускиот Екс Ан Прованс.