Митревски и Порто се пласираа во четвртфиналето на португалскиот Куп

Тимот на Порто, каде што игра македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски, обезбеди место во четвртфиналето на Купот на Португалија.

Порто славеше на гостувањето кај Аванка со убедливи 23-38 во осминафиналниот двобој, а победникот го реши уште по првото полувреме кога беше 13-20.

Митревски беше одличен на голот на португалскиот првак, а успеа да постигне и еден погодок во противничката мрежа.

Македонецот и Порто нема да имаат многу време за одмор, бидејќи веќе задутре ги чека двобој од шампионатот против Мадеира, а потоа и осминафиналните пресметки со данскиот Алборг.