Митревски и Порто по драма до финале во Купот

Репрезентативниот голман Никола Митревски со својата екипа Порто обезбеди пласман во финалето од Купот на Португалија, откако во полуфиналето беа подобри од Агуас Сантас после едно продолжение со 33:31, а регуларните 60 минути завршија 27:27.

Натпреварот беше потполно неизвесен во текот на сите 60 минути, Агуас Сантас во првото полувреме успеа да обезбеди предност и на паузата имаше минимални 14:13. На почетокот на вториот дел Порто го презема водството, но тоа не треаше долго.

До крај на натрпеварот се играше израмнето, а во завршницаа Агуас Сантас влезе со предност. Сепак ракометарите на Порто успеаја да израмнат и да се изборат за нерешено и продолженија. Првото продолжение Порто го доби со 6:4 што беше доволно за пласман во финалето.

Никола Митревски уште еднаш беше дел од својот тим и придонесе за победата. Во големото финале Порто за пехарот од Купот ќе се бори против екипата на Бенфика која славеше во првото полуфинале против Спортинг со 26:24.