Митревски и Порто лесно до 16 најдобри во Купот на Португалија

Тимот на Порто, каде што настапува македонскиот репрезентативец Никола Митревски, се пласираше во осминафиналето на Купот на Португалија.

Порто на домашен терен имаше лесна задача против составот на Академико де Висеу со 14 голови разлика.

Победникот беше решен уште на полувремето, кога тимот на Митревски имаше водство од 26-13, па вториот дел беше само формалност.

Овој натпревар беше одлична проверка за Порто пред натпреварот од Лигата на шампионите против романскиот Динамо Букурешт на 8 февруари.