Митова е херој, Шампион со пресврт во финишот до три бода против Скопје

По триумфот на гости кај Гевгелија, составот на Шампион ја оствари втората победа во новата сезона од Женската лига откако славеше во драматичен натпревар до самиот крај, над екипата на Скопје со 25-24.

Избраничките на Валентина Радуловиќ тргнаа со водство од 8-3, но како одминуваше времето така Шамион се враќаше во игра и израмни на 10-10. Сепак попушти нивната концентрација во финишот и Скопје го искористи тоа за плус три на пауза, 15-12.

Во второто полувреме имаше слична ситуација. Домаќинките во поголем дел диктираа резултат и имаа предност. Во последните десетина минути се влезе со резултат 24-21 и тогаш Скопје застана.

До крајот на мечот не погоди. Гостинската голманка им одбрани неколку шута на домаќинките, вклучително и последниот за реми. За разлика од Скопје, Шампион погодуваше кога треба и се враќа со три бода од гостувањето.

Херој на Шампион е Анастасија Митова, која ги даде последните четири гола, а беше најефикасна на теренот со вкупно десет, додека пет даде Михаела Кралева. Кај Скопје се истакнаа Јасмина Попова со седум и Ана Георгиевска со шест гола.