Митков успешно опериран, го очекува период на рехабилитација

Поранешниот македонски репрезентативец Влатко Митков, е успешно опериран, откако по повредата кон крајот на месец март беше одлучено тој да оди „под нож“.

Поради сериозноста на повредата, но и според лекарските проценки, екс репрезентативецот на Македонија го очекува долг период на рехабилитација.

Митков во наредниот период ќе се подготвува за камбек за следната натпреварувачка сезона.

Искусниот ракометар во оваа сезона во тимот на Холабрун има двојна улога и одлично се снаоѓа во големиот предизвик.