Мирна игра, заслужена победа: Македонија подобра од Чиле во контролата пред СП (ФОТО)

Сениорската репрезентација на Македонија ја доби првата контрола против селекцијата на Чиле со четири гола разлика откако денеска успеа да дојде до победа од 25:21. Играјќи без капитенот Лазаров, кој беше поддршка само од клупата, репрезентативците во мирна игра одиграа добар натпревар од кој селекторот Данило Брестовац ќе треба да ги извлече и добрите и лошите страни во играта.

Почетното испитување на силите траеше десетина минути во кои Македонија имаше постојана предност од еден гол. Откако во овој период резултатот беше 4:4, за брзо дојде до првата серија после која Македонија во 16. минута до 8:4.

Овие четири гола предност беа доволни да може во продолжение да се игра посмирено и да се има постојано водство од 3-4 погодоци. Имаше простор за замени и шанса на повеќе ракометари, а се ротираше на сите позиции освен на голманската и пивотменската.

Контролата на играта остана до крајот од првиот дел, а на паузата репрезентативците на Македонија заминаа со резултат од 15:11 што беше слика за она што се случуваше на теренот во првите 30 минути.

Второто полувреме продолжи во ист стил. Немаше зголемување на предноста туку Македонија успеваше да се одржи во позитива. Постојано беше во водство, а на моменти попушташе концентрацијата што отвораше простор за противникот да се врати во игра.

Македонија-Чиле (прв натпревар)

Македонија новата ракометна година ја отвори со победа против Чиле со четири голови разлика откако дојде до победа од 25:21 во рамките на првиот од двата подготвителни натпревари за гостите од Јужна Америка.Чиле се подготвува за Светското првенство во Египет кое започнува на 13 јануари.

Сепак, и во една таква игра со мали осцилации контролата на резулатот остана. Главно предноста се движеше меѓу 2-3 гола разлика. Во на осум минути до крајот беа обезбедени и плус пет, 22:17, но не беше искористена шанса за нивно зголемување.

До крајот на средбата не дојде до промени, па Чиле се врати на негативата од првото полувреме така што на крајот беше четири разлика за Македонија и 25:21.

МАКЕДОНИЈА – ЧИЛЕ 25:21 (15:11)

Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.

МАКЕДОНИЈА: Митревски (10 одб.), Томовски (5 одб., 1 сед.), Велковски 1, Лазаров, Кузманоски 2, Талески, Кузмановски, Костески 2, Танкоски 2, Лазаревски 1, Крстевски, Поповски, Георгиевски 2, Младеновиќ, Пешевски 5, Аларов, Маџовски 3, Серафимов 5, Мишевски 2

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 6 мин.

ЧИЛЕ: Бариентос (4 одб.), Гарсија (4 одб., 1 сед.), Гонзалез (7 одб.), Себаљос 2, Фојхтман 3, Делгадо, Фрелиј 3, Е. Салинас 5, Илеска, Р. Салинас 3, Павез, Калеја 1, Онето, Ајала 2, Доносо 1

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 4 мин.